Кинеската компанија Great Wall ORA веќе ги објави моделите Ballet Cat и Punk Cat, но официјалната премиера во Кина е закажана за 30 март и покрај тоа што адвокатите на Фолсваген претходно изјавија дека го истражуваат случајот поради нивата сличност со легендарната „Буба“.
Имено, првите продукциски фотографии на ORE Ballet Cat и Punk Cat се појавија во декември минатата година. Првата, „поженствена“ верзија на Punk Cat беше претставена на Саемот за автомобили во Пекинг минатиот април и дизајнерската инспирација од „бубата“ е многу очигледна.
Кога за прв пат беше претставен Punk Cat, од Фолксваген рекоа дека го истражуваат ова прашање „во однос на секое прекршување на правата на моделот или дизајнот на Volkswagen AG и го задржува правото да ги преземе сите неопходни правни дејствија“.
Останува нејасно како сега размислува Фолксваген и дали ќе преземе некакви правни мерки.
Целокупната форма на двете возила е многу слична на класичната „Буба“. Ballet Cat е различна бидејќи има предни и задни светла во облик на потковица, додека, пак, Punk Cat користи кружни светла.
Техничките спецификации објавени за двата модели откриваат дека тие се долги 440 сантиметри, широки 187 сантиметри и високи 163 сантиметри, додека меѓуоскиното растојание се протега на 275 сантиметри. Во понудата ќе има само еден електричен мотор со две различни батерии. Почетните модели ќе користат батерија од 47,8 kWh, додека поскапите модели ќе користат пакет од 59,1 kWh. И двата модели ќе користат мотор од 170 КС, што ќе овозможи максимална брзина од 155 km/h.
CONFIRMED: ORA Balet Cat to be launched in China on 30 March
Preliminary specs
– 5-door hatch
– L/W/H/WB: 4401/1880/1633/2750mm
– Weight: 1780kg
– front e-motor 126kW/250Nm, FWD
– Battery: 47.8kWh (LFP), 59.1kWh (Li-ion)
– Max range: >500km
– Top speed: 155km/h@GWMGlobal pic.twitter.com/G5oABVpYmr— Greg Kable (@GregKable) January 27, 2022