Домаќинот Камерун го освои третото место на Африканскиот куп на нации откако на пенали(5:3) ја совлада селекцијата на Буркина Фасо откако регуларниот дел зврши 3:3, иако домаќините губеа со 3:0.
Буркина Фасо на неверојатен начин успеа да го загуби натпреварот за третото место, можеби веќе почнаа да слават кога Камерун почна да се враќа.
Јаго во 24. минута донесе водство за Буркина Фасо, а пред крајот на првото полувреме голманот Онана си постигна автогол за 2-0.
По четири минути игра Катара зголеми на 3-0 за Буркина Фасо и во тој момент никој не помислуваше дека мечот може да има поинаков исход.
Во 71. минута Бахокен намали на 3-1, а Абубакар во 85. и 87. даде два гол и израмни на 3-3.
Натпреварот отиде во пенали, Камерун ги реализираше сите пет удари, а во составот на Буркина Фасо промаши Туре.
Утре се игра финалето меѓу Сенегал и Египет.