Наполи рутински до три бода во Венеција

Фудбалерите на Наполи ја оправдаа улогата на фаворит на гостувањето кај Венеција и славеа со 0:2. Стрелец на водечкиот гол беше Виктор Осимен во 59 минута. Конечниот резултат го постави Петања во десеттата минута од судиското продолжение.

Со новите три бода, Наполи се врати на делба на втората позиција на табелата со Милан, и двете екипи имаат по 52 бода, само еден помалку од лидерот Интер.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, натпреварот го започна од клупата за резервни играчи, а во игра влезе во 79. минута заменувајќи го Марко Политано.

Сампдорија на домашен терен го растури Сасуоло победувајќи со 4:0, додекаБолоња и Емполи одиграа без голови.

Треба да знаете
Последни објави