Јувентус барем според почетокот и деби мечот на Душан Влаховиќ и Денис Закарија одлично ги погоди двете големи засилувања во преодниот рок.
И двајцата се стрелеци вечерва за Старата дама во својот дебитантски меч за „црно-белите“ против Верона.
Поскапото засилување, Влаховиќ, му донесе предноста на Јувентус со гол во 13. минута. По асистенција на Дибала Србинот со лоб удар од околу 20 метри постигна гол, а потоа прецизен беше и Закарија.
Играчот што за 8 милиони евра дојде од Борусија Менхенгладбах беше прецизен во 61. минута, а целиот напад на Јуве функционира одлично.
Пауло Дибала му беше асистент на Влаховиќ, а Алваро Мората со додавање му помогна на Закарија да го постигне деби голот во дресот на Јувентус.