Водечкиот во Светскиот куп во скијачки скоков, Јапонецот Рјоју Кобајаши го освои златото на олимпијадата во Пекинг на малата скокалница.
Кобајаши до првото место стигна со скокови од 14,5 и 99,5 метри. Изненадување со освојување на сребрениот медал направи Австриецот Мануел Фетнер, а бронзата ја заслужи Пољакот Давид Кубацки.
Кобајаши направи историски успех како прв Јапонец со олимписко злато во поединечна конкуренција. Тој е фаворит и на големата скокалница, а натпреварот ке се одржи на 12-ти февруари.