Млад хрватски фудбалер загина во сообраќајка

Хрватскиот фудбалер Петар Бартолиќ (22) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу полноќ на една од крстосницте во Велика Горица.

Полицијата извести дека тој удрил во семафор и го загубил животот на лице место, а неговиот 22-годишен совозач е тешко повреден.

Фудбалскиот клуб Мрацлин на својата официјална Фејсбук страница објави дека во несреќата загинал нивниот фудбалер Петар Бартолиќ.

Треба да знаете
Последни објави