ПСЖ со петарда го демолираше шампионот Лил

ПСЖ одигра фантастичен натпревар и убедливо стигна до цел плен на гостувањето кај бранителот на тронот во Франција, Лил (1-5) во рамките од 23. коло од Лига 1.

Лионел Меси го запиша првиот погодок во новата година и учествуваше во голеадата на „светците“. Првиот дел беше исклучително ефикасен и донесе четири гола. Данило отвори, а Ботман израмни за домаќинот. Од тој момент на сцена стапија гостите, кои преку Кимпембе и Меси побегнаа на два гола разлика. Аргентинецот со лоб удар погоди за 1-3 и го најави славјето на својата екипа.

Само пет минути во вториот дел му беа потребни на Данило вторпат да се запише во листата на стрелци. Тоа му овозможи на Почетинот да ги сочува силите за останатите предизвици во февруари, па побара неговите фудбалери да го намалат темпото на игра.

Немаше да биде голеада, ако Килиан Мбапе не постигнеше гол до крајот. Францускиот напаѓач го постави конечниот резултат со мала минијатура од работ на шеснаесетникот. Меси се обиде и од слободен удар, но не успеа вторпат да ја затресе домашната мрежа. ПСЖ побегна на +13 во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј и се чини повторно ќе нема никаква конкуренција на патот до титулата.

Треба да знаете
Последни објави