Британската актерка Лили Џејмс (32) ја глуми Памела Андерсон во биографската серија „Пем и Томи“, која ја документира кражбата и неовластеното објавување на сексснимка што ја направила со тогашниот сопруг Томи Ли во 1995 година.
Таблоидите пренесуваат дека во текот на снимањето, Лили барала нов пар лажни гради секој ден за успешно да ги долови облините на оригиналната Памела.
Во интервју за весникот „Сан“, одговорниот за шминка во серијата, Џејсон Колинс, изјави: „Тие се направени од силиконски апарати исполнети со гел, се движат како вистинска кожа и на сличен начин апсорбираат светлина. Секој ден користевме нов пар за снимање што значи дека имавме направени 50 такви.
Покрај силиконските гради, поранешната актерка од Downtown Abbey, Лили, мораше да носи лажно чело за да се трансформира во ѕвездата на Baywatch, зголемувајќи го растојанието помеѓу веѓите на Лили и линијата на косата.
За серијата – во која се појавува и актерот од „Капетан Америка“ Себастијан Стен во улогата на тапанарот Томи Ли од Motley Crue – британската актерка Лили зборувала со канадски акцент континуирано четири месеци. Потоа ѝ требало време за да го врати англискиот акцент, пишува „Колидер“.