МЗТ Скопје загуби добиен меч против Сутјеска

Кошаркарите на МЗТ Скопје не ја продолжија победничката серија во АБА2-лигата, откако попладнево загубија од Сутјеска (55-56) во средба во која веќе беа прогласени за победници се до последните секунди.

Аеродромци имаа плус шест (53-47) во 36. минута, како и 55-51 на 30 секунди до крајот, но на крајот со наведнати глави го напуштија паркетот. Причина за тоа беа неколкуте прекршоци во напад, двете промашени слободни на Адем Мекиќ, но и на блескавите два последни шута на Јован Војиновиќ, со кои го направи фантастичниот пресврт.

Ова беше еден од средбите со најмногу грешки и најтежок за гледање можеби бо историјата на ова натпреварување, а клучно за неуспехот на македонскиот тим е огромниот број загубени топки, дури 21 односно десет повеќе во однос на противникот. Згора на тоа, сино-белите промашија дури десет слободни фрлања (13/23), што беше главна причина за неуспехот.

Немања Милошевиќ со 15 поени и 10 скока беше единствена светла точка кај МЗТ, додека двоцифрен беше и Адем Мекиќ со 11 поени, но и шут 1/7 за два поени.

Следниот предизвик за македонскиот шампион е тимот на Подгорица, средба која ќе се одигра задутре исто така во Бања Лука.

Треба да знаете
Последни објави