Актерката Џенифер Гарнер (49) откри дека во тинејџерските години излегувала со момче по име Мет, но, кога одбила да оди „подалеку од бакнеж“ тој ѝ раскинал нарекувајќи ја недозреана.
„Тоа беше момче по име Мет Критенден. Се обиде да оди подалеку од бакнеж, а јас го одбив. Ми раскина следниот ден и рече дека сум недозреана, што ми беше како значка што сè уште ја носам со гордост. Тогаш имав 18 години!“
Ѕвездата на „Адам проџект“ е овогодинешна добитничка на наградата „Хејсти пудинг“ за Жена на годината, награда што ја доделува Hasty Pudding Theatricals – студенти на отсекот за драмска уметност на Универзитетот Харвард. Случката од своите тинејџерски години ја откри кога одговараше на прашања по церемонијата, како што пренесува магазинот „Пипл“.
Секоја година, ова театарско друштво наградува поединец со траен и импресивен придонес во светот на забавата.
Џенифер, која има освоено и „Златен глобус“, излезе на сцената за да го прими трофејот – сад за пудинг, изјавувајќи дека ова ѝ е најзабавниот ден.
„Гарантирам дека мојот ден беше подобар и позабавен од вашиот. Од сега па натаму сум посветен член на „Хејсти пудинг клубот“и следната година ќе бидам во публиката, ветувам. Ова ми беше најзабавен ден досега,“ рече таа.
Актерката, која има две ќерки Вајолет (16) и Серафина (13) и син Семјуел (9) со поранешниот сопруг холивудската ѕвезда Бен Афлек, додаде дека требало да ја земе најстарата ќерка со себе на настанот.