Адис Јаховиќ не играше за Ѓозтепе против Алтај поради повреда, а навивачите на клубот од Измир во негова чест ги развеаја македонските знамиња на трибините.
Објавено беше дека македонскиот репрезентативец нема да биде во составот на Ѓозтепе поради повреда на тетивата на бутниот мускул, што според кусото соопштение на домаќините, ја заработил непосредно пред мечот со Алтај.
Ѓозтепе загуби со 0:2, а сè уште не се знае колку ќе паузира македонскиот репрезентативец.