Американската компанија за производство на спортска опрема „Најк“ официјално ставија крај на своето партнерство со Мејсон Гринвуд, откако ѕвездата на Манчестер јуанјтед беше уапсен со обвинение за силување и физички напад минатата недела.
„Најк“ потврди дека 20-годишниот Гринвуд, кој веќе беше суспендиран и од Јунајтед, веќе не може да биде поврзуван со компанијата, посочувајќи дека „Мејсон Гринвуд веќе не е спортист на ‘Најк’“.
Манчестер јунајтед ги отстранија неговите дресови од продажба и ги информираа фановите кои сакаат да го сменат дресот може да го направат тоа бесплатно, а тој исто така е остранет и од видео игрите „ФИФА 22“ и „Конами еФудбал“.