Адеми доби мурал од навивачите на Динамо Загреб (Фото)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми доби посебна чест од Бед Блу Бојс, навивачите на Динамо Загреб, кои никогаш не го криеле респектот кон актуелниот капитен на хрватскиот шампион.

Адеми доби мурал во близина на основно училиште од познатиот графити уметник Јурча, кој покрај фотографијата, ја објави и причината за муралот.

– Никогаш не било пракса да се цртаат актуелни играчи на клубовите, па и на Динамо, но БББ екипата од Петрушевец реши да му посвети мурал на капитенот Адеми, кој отсекогаш давал максимум за клубот и навивачите и кој сигурно е меѓу фудбалерите кои оставиле длабок печат во клубот иако е се уште активен.

– Видовме во претходниот дел од сезоната колку недостасуваше повредениот Адеми во тимот на Динамо, а во овој дел се надеваме дека ќе ја поведе екипата против Севилја и во одбраната на насловот, па и ќе ја носи капитенската лента уште долго, – напишал најголемиот виновник за муралот кој е посвета за Адеми од навивачите.

Адеми е дел од Динамо од 2010 година, а седум години подоцна стана и капитен на загрепските „модри“.

Треба да знаете
Последни објави