Две години условна затворска казна за Барди, возел со фалс дозвола

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола. Барди го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.

Енис Барди во април минатата година беше запрен од полицијата во Валенсија, по што полицијата му побарала документи за идентификација и возачка дозвола. Еден од полицајците се посомневал дека дозволата е фалсификат и со дополнителна проверка било откриено дека недостасуваат безбедносни ознаки на истата.

Македонскиот репрезентативец прво се бранел дека во Македонија оваа дозвола е валидна, но подоцна го сменил својот исказ.
Судот пресуди дека е виновен и доколку го повтори делото во следните две години, тој ќе мора да се соочи со казна затвор од четири месеци.

Треба да знаете
Последни објави