Копродуцентот на „Матрикс“ го тужи „Ворнер Брос“ поради стримингот

Копродуцентот на „Матрикс: Воскреснувања“ (Matrix Resurrections), „Вилиџ роудшоу ентертејнмент груп“, поднесе тужба против „Ворнер Брос“, во која тврди дека потегот на студиото да го објави филмот истовремено на ХБО- макс и во кината е прекршување на договорот.

Во тужбата поднесена до Високиот суд во Лос Анџелес во понеделникот, „Вилиџ Роудшоу“, исто така,  наведува ека студиото „Ворнер Брос“, во сопственост на AT&T Inc WarnerMedia, го преместил датумот на прикажување на филмот за 2021 година од 2022 година за да му помогне на ХБО-макс да привлече повеќе претплатници.

Тужбата укажува на други блокбастери, како што е „Човек-пајак: Далеку од дома“, кои беа објавени кон крајот на 2021 година без истовремен стриминг.

„Не се сомневаме дека овој случај ќе биде решен во наша корист“, изјави портпаролот на Warner Bros.

Треба да знаете
Последни објави