Пит Дејвидсон официјално ја потврди врската со Ким Кардашијан

Во новото интервју за ТВ-емисијата на „Пипл“, Пит Дејвидсон не се срамеше да ги сподели своите чувства за неговата дама Ким Кардашијан, или „лејди лав“ како што пишуваат таблоидите.

28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live првпат во јавност ја нарече 41-годишната Ким негова девојка.

„Кога излегувам надвор обично се дружам со моите пријатели, а кога сум дома се опуштам со мојата девојка. Така што не правам многу“, рече тој, со што официјално потврди дека е во врска со Кардашијан.

Камерите забележаа дека Пит во својата соба има две свеќи на Ким – нејзината свеќа Virgin Mary Kimoji (која се продава за 18 долари) – и втората со нејзиното лице исто така на неа (се продава за 22,49 долари).

 

Комичарот разговараше со Кеј Адамс, водител на PEOPLE ТV Show! за претстојната реклама за „Супероул“, а исто така откри што сака да прави во слободно време.

„Јас немам Инстаграм или Твитер или нешто слично. Така, најголемиот дел од мојот секојдневен живот е влегување во автомобил и појавување на сет,“ откри тој.

„Се дружам со моите пријатели кога сум надвор, или се релаксирам со мојата девојка дома. Не правам ништо посебно,“ додаде тој, алудирајќи на ко-основачката на „СКИМС“.

Ким моментално е среде бракоразводна постапка и доделување старателство врз децата со поранешниот сопруг Канје Вест.

Треба да знаете
Последни објави