Џенифер Анистон на куса пауза од снимање филм на Хаваите

Џенифер Анистон ги покажува своите стомачни мускули во бикини додека се релаксира на Хаваи  на пауза од снимањето на Murder Mystery 2 и се подготвува да го прослави својот роденден.

Папараците ја уловија додека ужива во кусиот одмор на балконот на хотелот во кој престојува додека го снима „Мистерија за убиство 2“ на „Нетфликс“.

Изгледот го дополни со класични авијатор-очила за сонце и шешир.

Таблоидите пренесуваат дека актерката (52) се наоѓа на Вајкики, Хаваи, четири дена пред нејзиниот 53. роденден.

Во септември, таа откри дека бодибилдингот е заслужен за нејзината витка фигура. Анистон строго се придржува на планот за вежбање 15-15-15, што значи по 15 минути спинови, елиптични справи и трчање.

Треба да знаете
Последни објави