Синоќа се одржа финалето на 72. издание на култниот натпревар на италијанска музика, фестивалот „Санремо“, а победата во тензично финале ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Бривиди“.
Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг што ќе се одржи во мај во Торино, благодарение на минатогодишната победа на Манескин.
Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на букмејкерите за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија, но важно е да се напомене дека досега се познати само девет песни кои годинава ќе ги слушнеме на евровизиската сцена.