Австриската полиција соопшти дека пронашла осум мигранти што биле скриени во тесна дрвена платформа, која била прикачена на долната страна на камионот.
Полицијата соопшти дека мигрантите, кои патувале од Турција, биле прошверцувани во опасни за живот услови од Романија преку Унгарија во Австрија, пренесува „Ројтерс“.
Неколку од нив биле во состојба на хипотермија поради патување на ниски температури, а некои биле во несвест бидејќи со часови биле изложени на издувни гасови од камиони, соопшти денеска полицијата.