Дарко Велковски стана татко, се роди Ведран

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Велковски и неговата  сопатничка Тамара Чуприна, имаат голем повод за славење.

Дарко стана татко, откако неговата сопруга  на свет донесе здраво машко дете.

Малечкиот наследник го доби името  Ведран. Ова е прво дете на Дарко и Тамара, кој прва и ја сподели радосната вест, но и фотографии од малиот Ведран од породилиштето.

Пред да станат за прв пат родители, фудбалерот и манекенката во последните денови од декември 2021 година и законски ја официјализираа својата врска, а љубовта ја крунисаа со брак.

На венчавката која била од интимен карактер присуствувале само најблиските членови на семејствата и тесен круг на роднинии пријатели на младенците, а свадбената веселба се одвивала во еден познат угостителски локал.

 

Треба да знаете
Последни објави