Карачиќ на Фејсбук објави крај на репрезентативната кариера (ФОТО)

Иван Карачиќ, брат на екс ракометарот на Вардар, Игор, преку официјалната страна на социјалната мрежа Фејсбук ја соопшти својата одлука за повлекување од националниот дрес на БиХ. Тоа значи дека во иднина ќе настапува само на клупско ниво.

Ракометарот по потекло од Мостар моментално настапува за екипата на Макаби Ришон од Израел. Во својата кариера го носеше дресот на Мешков Брест, Кадетен Шафхаузен, Баја Маре, Борац, Извиѓач и Зрињски Мостар.

Одлуката на Карачиќ да ја заврши својата репрезентативна кариера е голем удар за босанската репрезентација, која ја очекува тешка битка за настап на Мундијалот во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави