Џорџ и Амал Клуни примија награда за хуманитарна работа

Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, почитувана адвокатка за човекови права која се залага за хуманитарни цели, ја примија првата заедничка награда.

На виртуелна церемонија објавена на Јутјуб каналот на Фондацијата Elevate Prize во вторникот вечерта, двојката беше почестена со „Каталист аворд“ бидејќи ги користеа своите платформи за да инспирираат општествени промени.

Двократниот оскаровец (60) го започна својот говор наведувајќи дека мисијата на неговата фондација за правда (CFJ) е да работи на ослободување на невините и казнување на виновните, еден по еден случај.

Неговата сопруга (44) нагласи: „Средствата што го добиваме од оваа награда ќе ја поддржи нашата програма TrialWatch, која следи кривични судења ширум светот и брани поединци кои се неправедно приведени, вклучително и новинари, жени, ЛГБТК лица и малцинства“.

„Нашата цел во фондацијата е да ги ослободиме невините и да ги казниме виновниците. Мислам дека и двајцата сме инспирирани од младите луѓе кои ја оспоруваат неправдата во своите заедници, новата генерација која нема да прифати статус-кво.“

Треба да знаете
Последни објави