Дензел Вашингтон го продолжува рекордот за најмногу номиниран афроамерикански актер

Тој е афроамерикански актер со најголем број на номинации за „Оскар“.

Но, Дензел Вашингтон се погрижи да ја задржи круната што е можно подолго.

67-годишниот актер од А-листата беше номиниран во категоријата Актер во главна улога, негова десетта номинација за престижниот трофеј, како што беше објавено во вторникот.

Дензел ја заслужи оваа чест за насловната улога во историската драма „Трагедијата на Магбет“ (The Tragedy оf Macbeth).

Црно-белиот филм на Џоел Коен (режија и сценарио) е заснован на драмата на Вилијам Шекспир за  шкотски лорд кого три вештерки го убедуваат дека ќе стане следниот крал на Шкотска, а неговата амбициозна сопруга го поддржува во неговите планови за преземање на власта.

Дензел има добиено два „Оскари“ од деветте пати што бил номиниран. Првиот е во категоријата Најдобар актер во споредна улога за Glory во1990 година.

Дванаесет години подоцна, тој ја освои статуетката во категоријата Најдобар актер во главна улога за Training Day.

Треба да знаете
Последни објави