Дали Хју Хефнер бил позитивец заслужен за промовирање на правата и сексуалните слободи на жените или бил негативец, чудовиште и вампир како што го опишуваат жените во документарната серија Secrets of Playboy? Една од неговите поранешни девојки, Холи Медисон, тврди дека не е лесно да се одреди.
Хефнер почина во 2017 година на 91-годишна возраст, избегнувајќи го движењето MeToo што сруши многу холивудски моќници.
„Тајните на Плејбој“ носи десет часови сведоштва на оние кои се нашле блиску до Хефнер и Плејбој-империјата што тој ја создал.
„Хефнер уништи многу животи. Беше гладен за моќ, не се грижеше за животите на тие жени. Сè се вртеше околу тоа како го гледаат луѓето. И сето тоа беше лага,“ тврди П.Ј. Мастен, која работела како „мајка на зајачиците на Плејбој“.
„Беше очигледно дека ние сме ништо за него. Тој беше како вампир. Го цицаше животот на тие млади девојки толку децении“, додаде Сондра Теодор, девојка на Хефнер од доцните 1970-ти.
Таа признава дека била зависна од кокаин за да ѝ помогне да се справи со притисоците на Хефнер да учествува во оргии со различни мажи и жени на дневна основа.
Во документарецот се појавува и најпознатата девојка на Хефнер, Холи Медисон, која тврди дека околу таткото на Плејбој има „аура на култ“ и дека тој најмил „екипа за чистење“ за да го испегла неговиот имиџ во јавноста.