Дешамп нема да го повика Зума во репрезентацијата поради случајот со мачката

Одбранбениот фудбалер на Вест Хем, Курт Зума, нема да биде дел од репрезентацијата на Франција за претстојните мартовски натпревари, а причина за тоа е лутината на селекторот Дидие Дешамп поради неговото однесување односно неговото шутирање мачки.

Скандалозното видео беше објавено на социјалните мрежи и преизвика ужасни реакции во јавноста, што може скапо да го чини фудбалерот. Изоставувањето од составот за пријателските средби против Јужна Африка и Брегот на Слоновата коска е неговата прва казна од Дешамп, а, неофицијално, може дури и да го чини настап на Мундијалот во Катар иако дотогаш има уште многу време.

Зума има одиграно 11 меча во репрезентацијата на Франција, а последен пат беше повикан во ноември 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави