Најавите се остварија, Тео Ернандез потпиша нов договор со Милан, останува на Сан Сиро до 30. јуни 2026 година.
Милан потврди дека ја продолжува соработката со Тео Ернандез кој е еден од најважните фудбалери во тимот.
„Милан со задоволство може да соопшти дека Тео Ернандез го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на росонерите.
Ернандез има 108 настапи за Милан, 19 голови и 18 асистенции.
Наскоро се очекува Милан да ги продолжи договорите и со Исмаел Бенасер и Рафаел Леао.