Скандалозното видео беше објавено на социјалните мрежи и преизвика ужасни реакции во јавноста, што може скапо да го чини фудбалерот. Изоставувањето од составот за пријателските средби против Јужна Африка и Брегот на Слоновата коска е неговата прва казна од Дешамп, а, неофицијално, може дури и да го чини настап на Мундијалот во Катар иако дотогаш има уште многу време.
Зума има одиграно 11 меча во репрезентацијата на Франција, а последен пат беше повикан во ноември 2021 година.