Големото португалско дерби меѓу Порто и Спортинг беше директна битка за врвот на табелата, но покрај возбудувањата на теренот во текот на натпреварот, ѕвездите на двата тима се погрижија и за дополнителна претстава по последниот судиски свиреж.
Спортинг дојде до голема предност со головите на Паулињо (8′) и Сантос (34′). Сепак домаќините израмнија преку Виеира (38′) и Тареми (78′) откако гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Коатес. На теренот се водеше вистинска војна, главниот судија покрај црвениот на Коатес покажа и дури десет жолти картони, но ситуацијата кулминираше по последниот свиреж и по крајот на мечот следеше вистински хаос на „Драгао“.
Повеќе фудбалери од двата тима влегоа во директна физичка пресметка и во истата се вклучија и резервите и дел од стјуардите, па луѓето задолжени за обезбедување имаа полни раце работа.
Како и обично, во прв план се најде темпераментниот Пепе кој е капитен на Порто, но покрај стоперот, црвен картон заработи и Маркезан од домашниот тим.
Главниот судија Пинеиро беше приморан да ја смирува тенизјата со опомени и се размафта со црвени картони, па два добија и двајца противнички фудбалери (Табата и Палиња). По четириминутното бркање на теренот, играчите конечно се упатија кон соблекувалните и на тој начин беше ставен крај на големото дерби кое понуди срамни и нефудбалски сцени.
Five minutes of ABSOLUTE CHAOS to end a thriller between Porto and Sporting ????????
Pepe received one of three red cards shown after the final whistle, as carnage broke out between both sets of players and staff.
The Dragons extend their unbeaten run to 50 matches! ???????? pic.twitter.com/i0F2Dmf1Dh
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 11, 2022