Екипата на Манчестер Јунајтед направи нов кикс.
Во натпревар од 25 коло на Премиер лигата одигран на „Олд Трафор“ популерните “цревни ѓаволи” освоија само еден бод во дуелот против Саутемптон со кој одиграа нерешено 1-1.
21-годишниот Џејдон Санчо во 21-минута беше стрелец на голот за Јунајтед за водство од 1-0.
Но како и на претходната средба така и на оваа домаќините по само три минути игра во вториот дел примија гол. Џеј Адам беше стрелец на погодокот за израмување на 1-1 што се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Манчестер остана на 5.место на табелата со 40 бодови колку што има и четврто пласираниот Вест Хем, но веднаш зад нив е Арсенал со еден бод помалку, но и „топџиите“ има одиграно два натпревари помалку од ривалите.