За овогодинешното издание на Super Bowl, производителите на автомобили одлично се подготвија, а се чини дека најдобрата реклама ја направи BMW. Веќе со објавата беше јасно дека се работи за реклама за која долго ќе се зборува. Како да не кога Арнолд Шварценегер е во главната улога, како грчкиот бог Зевс. Неговата сопруга Хера е отелотворена од друга филмска легенда – Салма Хајек. Таа ќе се обиде да го промовира најновиот електричен SUV на BMW.
„Хуморот е во тоа што легендарниот бог на небото и громот, кој се смета за бесмртен, се бори со конвенционалната домашна електроника“, објаснува Шварценегер.
„Ова е мојата прва реклама за Супер Боул и прва што ја играм во улогат на божица“, вели Хајек.
Ако на сè се додаде и врвна продукција, јасно е дека оваа реклама би можела да биде прогласена за најдобра во овогодинешното издание на Super Bowl, кое се одржува оваа недела. А конкуренцијата е жестока затоа што редовно е најдобрата и најскапата реклама во годината. Впрочем, тоа е еден од најгледаните спортски настани на светот.