Руските нордијки го освоија златниот медал во штафетата 4х5км на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Златниот медал за Русија во оваа дисциплина по пауза од 16 години и го донесоа Јулија Ступак, Наталија Непрајева, Татјана Сорина и Вероника Степанова.
Руските уште од почетокот на штафетната трка беа на лидерската позиција и најголеми конкурентки им беа Германките кои на крајот мораа да се задоволат со сребрениот медал.
Третото место и бронзениот медал и припадна на Шведска која беше главен фаворит за триумф.
Златен медал во сноуборд во крос во мешани двојки освоија натпреварувачите на САД, Лндси Џејкобеливи Ник Баумгартнер. Ова е второ злато за Џејкобелис откако претходно победи во поединечна конкуренција во крос.
Италијанскиот тим го освои второто место и сребрениот медал, додека тимот на Канада заврши на третото место.