Хаверц по титулата во ЛШ му ја донесе на Челси и титулата светски клупски шампион

Фудбалерите на Челси за прв пат во историјата се светски клупски шампиони. „Сините“ во финалето на Светското клупско првенство кое се играше во Абу Даби, го совладаа јужноамериканскиот шампион Палмеираш со 2:1 и тоа по продолженијата регуларниот дел заврши 1:1.

Како и во финалето со Манчестер Сити, улогата на херој одново му припадна на Каи Хаверц, кој очигледно е предодреден да постигнува голови на најважните натпревари. Германецот му пресуди на Сити во големото финале во Лигата на шампионите, а денеска ја презема одговорнсота и со голот од пенал во 117 минута на Челси му го донесе единствениот трофеј што му недостасуваше.

Во првото полувреме фудбалерите на Челси има поголем посед на топката, дури 70 отсто, но не успеаја да направат сериозна шанса за гол.

Тоа им успеа во 55. минута кога по центаршутот на Калум Хадсон-Одои навистинското место се најде Ромелу Лукаку на кого не му беше тешко да погоди за 1:0.

Но, шест минути подоцна, Тијаго Силва играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што Веига од
пенал погоди за Палмеираш и за израмнување на резулатот.

До крајот на регуларниот дел, Челси беше подобар тим, но не успеа да постигне гол. Слична беше ситуацијата и во продолженијата, Челси ја контролираше топката, додека Палмеираш преку контранапади се закануваше кон голот на Менди.

Така беше се до 117. минута кога по шутот на Аспиликуета, еден од играчите на бразилскиот тим играше со рака и по прегледувањето на ВАР снимката, судијата покажа на белата точка. Каи Хаверц ја презеде одговорноста и со прецизен шут му донесе триумф на Челси.

Треба да знаете
Последни објави