Фудбалерите на Милан денеска на домашен терен ја совладаа минимално Сампдорија со резултат 1:0 во рамките од 25 коло во Серија А.
Вчерашното реми на Интер во дербито на италијанскиот шампионат против Наполи го искористија „росонерите“ да се искачат на првото место на табелата.
Единствениот гол на денешната средба го реализираше Рафаел Леао во осмата минута. Тоа беше негов 100. меч во дресот на миланскиот клуб.
Сега составот на Стефано Пиоли има 17 победи во лигата за моментно првенство со 55 бодови, еден бод повеќе и натпревар повеќе од градскиот ривал Интер.
За Сампдорија ова е 14 пораз во првенството, се наоѓа на 16 место со 23 освоени бодови.