(Видео) Мистерија: Стотици птици паднаа од небо во Мексико, не се знае зошто

Стотици птици паднаа од небо во Мексико, а се истражува причината за мистериозниот настан во градот Кваутемок во провинцијата Чивава.

Голем број птици угинале и останале да лежат на земја, а падот на јатото го забележале и безбедносните камери.

Видеото е снимено во раните утрински часови на 7 февруари, а граѓаните повикале полиција, која на улицата пронашла околу стотина мртви птици, јавуваат мексиканските медиуми.

Според очевидците, птиците паднале околу пет часот наутро.Утврдено е дека се работи за вид жолтоглава врана, која што живее на северот на Канада, а презимува во Мексико.Полицијата повикала ветеринари и зоолози, кои изнеле неколку можни теории за тоа што се случило, но ниту една засега не е потврдена.

Според експертите, птиците можеле да угинат поради вдишување отровни гасови од блиската топлана или силен струен удар доколку стоеле на електричните жици.

Некои медиуми надвор од Мексико изнеле теза дека се работи за грешка во мурмурацијата, односно во формирањето на големо јато. Ваква грешка најчесто се случува кога птиците кои се во големо јато се обидуваат да побегнат од предаторите, па нивната меѓусебна координација во јатото се губи и доаѓа до паѓање поради меѓусебните судири, објави Њујорк Пост.

Треба да знаете
Последни објави