Борусија Дортмунд славеше против Унион Берлин со 3-0 во 22. коло од германската Бундеслига и му се приближи на лидерот Баерн Минхен на само шест бодови.
„Милионерите“ го искористија киксот на актуелниот шампион, иако не можеа да сметаат на Норвежанецот Ерлинг Халанд, но затоа во главна улога беше Марко Ројс кој постигна два гола за Дортмунд.
Капитенот ги постигна двата погодоци во првото полувреме, додека конечните 3-0 ги постави Рафаел Гереро во 71. минута од натпреварот.