Фановите на „Господарот на прстените“ конечно се задоволни! Амазон го прикажа првиот трејлер за долгоочекуваната серија „The Lord of the Rings: The Rings of Power“, која важи за најскапата ТВ серија на сите времиња.
Видеото беше прикажано за време на паузата од 56. издание на Супербоулот.
Првата сезона чинеше неверојатни 465 милиони долари, а во цената беше вклучено и обезбедувањето на правото на користење на материјалите на Џ.Р.Р. Толкин. Планирано е да се емитуваат пет сезони од серијата.