Џенифер Анистон се огласи на Инстаграм за да им се заблагодари на своите фанови и следачи на социјалната мрежа за роденденските желби.
Холивудската миленичка, која во петокот наполни 53 години, сподели бумеранг од себе во светкави златни панталони.
„Ви благодарам многу на сите“, напиша Џенифер во описот. „Голема благодарност за сета љубов што ме прелеа на мојот роденден…! Овде има една благословена девојка. Ве сакам“, напиша таа, додавајќи низа емотикони.
Анистон ја глумеше Рејчел Грин во култната серија „Пријатели“, а сега е Алекс во новата драма-серија „Утринско шоу“ (The Morning Show) во продукција на стриминг-сервисот„Епл ТВ-плус“.
Таблоидите коментираат дека нејзиниот сегашен изглед не е многу далеку од Рејчел, ликот од „Пријатели“ со кој таа се прослави. А тоа подразбира суптилна елеганција, без непотребно претерување, акцент на женственоста со дозиран сексапил и едноставност.
Таа е позитивен пример кога е во прашање односот кон себе.