Кристијан Ериксен по пауза од осум месеци се врати на фудбалските терени откако на ЕП доживеа срцев удар. Фудбалерите на Брентфорд го совладаа Саутенд со 3:2 во пријателски натпревар, а за домашниот тим 60 минути одигра Ериксен.
Во натпреварот кој беше затворен за јавноста, Ериксен асистираше при постигнување на еден гол на Брентфорд, пренесува Би-би-си.
Ова беше прв натпревар за Ериксен откако на 12 јуни минатата година доживеа срцев удар за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска на ЕП. Лекарите успеаја да му го спасат животот на Данецот, на кого подоцна му беше вграден дефибрилатор кој ја контролира работата на срцето.
Ериксен денеска наполни 30 години, а во Брентфорд пристигна минатиот месец откако претходно спогодбено го раскина договорот со Интер и потоа доби дозвола за настап во Премиер лигата со вграден дефибрилатор.
⚽⚽⚽ @joshdasilva_
📄 Today's Match Report as @ChrisEriksen8 made his return to action ➡ https://t.co/tA0pQMg7KR#BrentfordFC pic.twitter.com/UOvXt1n6GZ
— Brentford FC (@BrentfordFC) February 14, 2022