Манасков си заминува од Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец по крајот на оваа сезона ќе го напушти Веспрем, потврди унгарскиот клуб на својата интернет страна.

По пет сезони поминати во Веспрем, Манасков го напушта унгарскиот гигант.
Неговиот договор со клубот истекува по крајот на оваа сезона, а раководството одлучило да не му понуди продолжување на соработката.
Во моментов Манасков се рехабилитира од тешката повреда на коленото која ја заработи во октомври и поради која го пропушти Европското првенство.
Во дресот на Веспрем, Манасков има одиграно 156 натпревари и 536 постигнати голови. Во сезоната 2017/2018 година, тој беше прогласен за играч на годината од навивачите на Веспрем.
Треба да знаете
Последни објави