Бела Хадид им приреди приреди убаво изненадување на своите 49 милиони следачи на Инстаграм за Денот на вљубените, споделувајќи сет фотографии во долна облека на Victoria’s Secret.
Феноменот на модните писти (25) на себе има парчиња од тантела во боја на праска, која ја истакнува нејзината витка фигура.
На друга фотографија, таа позира со уште две убавици, 22-годишната Суданка Адут Акеч Биор (во средината) и Хамам (25).
Девојката од насловните страници на „Вог“ под фотографиите напиша едноставна порака: „Среќен Валентајн од нас за ВАС!“