Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс водителки на „Оскарите“

Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водителки на овогодинешното доделување „Оскари“ додека продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година, објавија во понеделникот „Вараети“и „Њујорк тајмс“.

Продуцентите ги финализираат деталите, а официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си.

„Еј-би-си“, во сопственост на „Волт Дизни ко“, ќе ја емитува церемонијата на доделување на „Оскарите“ на 27 март.

Највисоките почести во филмската индустрија, кои ги доделува Академијата за филмски уметности и науки, немаат домаќин од 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави