Италија издаде потерница по Робињо, осуден е на девет години за силување

Робињо, поранешен бразилски фудбалер, ја загуби последната жалба минатиот месец во случај во кој е осуден за силување.

Обвинителството во Милано побара екстрадиција и издаде налог за апсење на 37-годишникот за силување на 23-годишна жена која славела роденден во еден ноќен клуб во Милано, а кое го извршил со пријателот Рикардо Фалко додека носел дрес на Милан.

Италијанскиот Врховен суд го осуди на девет години затвор. Италијанското Министерство за правда ќе испрати известување до бразилските власти, иако е јасно дека нема да бидат екстрадирани, пишува шпанска Марка. Причината е што бразилскиот устав не дозволува екстрадиција на нејзините граѓани. Доколку го напушти Бразил, со меѓународна потерница, поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Сити може да биде уапсен во која било друга земја која има договор за екстрадиција со Италија.

Адвокатите на Бразилецот тврделе дека девојката се согласила на секс. Но, снимките од телефонот биле пресудни при донесувањето на одлуката. „Смешно ми е, не ми е грижа. Беше пијана, а не знае што се случило“, рекол тогаш Робињо, според истиот извор.

Казната на Робињо во 2020 година ја потврдила судот во Милано, наведувајќи дека тој „брутално ја понижил“ жртвата. Покрај тоа, додека се појавувал во Премиер лигата, тој бил обвинет за уште едно силување во ноќен клуб во Лидс. Тој бил пуштен со кауција по сослушувањето и ги отфрлил обвинувањата.

Треба да знаете
Последни објави