Раководството на Бугарската фудбалска федерација ја разгледува опцијата Бугарија да биде домаќин на Македонија на стадионот „Хувефарма Арена“ во Разград, дознаваат бугарските медиуми.
– Тоа може да се случи. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да ја пречекаме Македонија во Разград. Но, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука – рече за „Sportal.bg“ техничкиот директор на националните репрезентации на Бугарија, Георги Иванов-Гонзо.
Како што е познато, репрезентацијата на Бугарија традиционално е домаќин на стадионот „Васил Левски“ во Софија каде од различни причини последната деценија ретко собира многу навивачи за да ја дадат поддршка за репрезентациите.
Една од причините за ваквата промена е трибините да бидат полни, а тимот да почувствува поддршка, бидејќи лесно може да се соберат 7.000 навивачи од 40.000, како и загриженоста за можни провокации од ултрасите во главниот град.