Последната изјава на тенисерот Новак Ѓоковиќ во која вели дека тој не е антиваксер, но дека нема да се вакцинира против коронавирусот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Се разбира, голем дел од нив се урнебесни шеги на негова сметка.
На целата „забава“ ѝ се придружи и ирската авиокомпанија „Рајанер“, која насмеа многумина со својата реакција на изјавата на најдобриот тенисер во светот.
„Ние не сме авиокомпанија, но летаме“, напишаа од „Рајанер“ на социјалната мрежа Твитер.
We’re not an airline but we do fly planes #Djokovic pic.twitter.com/ynYkvQu10z
— Ryanair (@Ryanair) February 15, 2022