Сопругот на убиената снимателка поднел тужба против Алек Болдвин

Сопругот на снимателката која загина за време на снимањето на филмот „Rust“, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и други лица одговорни за безбедноста на снимањето.

Станува збор за тужба за убиство од небрежност, поднесена во округот Санта Фе во име на Метју Хачинс и неговиот 9-годишен син, пишува „Ројтерс“.

За време на снимањето на 21 октомври 2021 година, снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза ранет откако актерот Алек Болдвин испука пробен истрел од пиштол кој се користел како реквизит при снимањето.

Локалните власти и натаму го истражуваат инцидентот, а досега не е поднесена кривична пријава.

Болдвин рече дека му било кажано дека оружјето е „ладно“, односно во филмски жаргон, без вистинска муниција и дека тој не го повлекол чкрапалото.

Треба да знаете
Последни објави