Слободен влез за завршницата на кошаркарскиот куп на Македонија

По ланското играње пред празни трибини поради забраните кои ги донесе пандемијата со коронавирусот, годинешната завршница од Купот на Македонија за трофејот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се игра пред публика.

Според кажаното на денешната прес-конференција, влезниците нема да се плаќаат, но во салата СРЦ „Кале“ во периодот помеѓу 18 и 20 февруари ќе може да се влезе само со испечатено парче хартија, кое претставници на КФМ ќе ги делат пред спортскиот објект. Колкава ќе биде бројката на билети кои ќе бидат делени на ваков начин не се знае.

ФОТО: КФСМ

Треба да знаете
Последни објави