Фудбалерите на Леванте им приредија вистински шок на игачите и навивачите на Атлетико Мадрид победувајќи со 0:1 и тоа на „Ванда Метрополитано“ во заостанатиот натпревар од 21 коло во Ла Лига.
Ова воедно е втора победа на Леванте сезонава, додека Атлетико со поразот направи чекор наназад во битката за обезбедување на четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Единствениот гол беше дело на Мелеро во 54 минута. Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше дел од првиот тим на Леванте и на теренот помина 62 минути по што беше заменет со Малса.