Најтрофејниот македонски клуб Вардар го ангажираше Бенјамин Демир. Детето на Вардар се враќа во клубот каде ја почна кариерата, а претходно беше дел од ФК Скопје.
Вардарци се подготвуваат за почетокот на вториот дел од сезоната. В сабота ги очекува гостување во Охрид, а мисијата на тимот на Никола Глигоров е да го освои барем второто место и да обезбеди бараж за враќање во елитата.