Првите искри се појавија уште во октомври 2020 година пред мечот со Косово во плејофот за пласман на Еуро 2020, а сѐ кулминираше после пласманот на континенталниот шампионат и во екот на битката за престолот во ФФМ, кој го освои Сејдини со поддршка од најголем дел на оптинските сојузи, кои уште пред да се кандидира објавија дека ќе му го дадат гласот.
„Во Македонија работат најаматерските луѓе, се игра на аматерски терени и гледате на каква инфраструктура се игра. А, градат трибини, прават проекти за лични интереси – за да си полнат џебови. Сѐ додека така размислуваме, никогаш нема да имаме фудбал во Македонија“, вели Пандев за студио 10 на „телевизија 24“.
Тој посочува дека во ФФМ додава дека во моментов во ФФМ и луѓето што го водат нема ни „ф“ од фудбалско, потенцирајќи дека за да тргне сѐ во нормала треба многу работи да се сменат.
„Зборот респект во ФФМ – не постои! Македонскиот фудбал го водат луѓе кои стварно немаат поим од фудбал, немаат ни ‘ф’ од фудбалско. Тие си гледаат само личен интерес и ништо друго не ги интересира. Во Македонија децата напредуваат до 14-15 години и потоа не може да напредуваат, па одат во Србија, Турција или во втора Грчка лига. Кај младите категории децата треба да се чувствуваат дека чесно се избрани да играат, а не дека тато им овозможил да бидат дел од репрезентацијата“, додава Пандев.