Ливерпул со 2-0 го победи Интер во Милано и направи крупен чекор кон пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Натпреварот беше рамноправен, а Интер прими гол во период кога беше значително поактивен и се обидуваше да постигне гол. Најголемата можност во првиот дел ја имаше Чалханоглу кој ја погоди пречката од голот на Алисон.
Во второто полувреме се играше повеќе пред голот на Ливерпул, Интер се обидуваше, создаваше шанси, но не беше најконкретен. Мечот се смени во 75. минута кога Фирмино погоди со глава за водство на црвените од 1-0.
Во продолжението од мечот Ливерпул заигра многу полесно, а во 83. минута Салах најдобро се снајде во шеснаесетникот на Интер и ги постави конечните 2-0.
Со овој триумф Ливерпул е многу блиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите, на Интер ќе му биде тешко да ја анулираа оваа негатива на Енфилд.
На дуелот во Салцбург, Баерн (М) се спаси од пораз во последните моменти од регуларниот дел на мечот. Полетните домашни играчи поведоа во 21. минута со голот на Адаму, а во второто полувреме имаа уште две извонредни прилики да зголемат на 2:0.
Откако не ги искористија своите шанси, Баерн успеа да направи неколку шанси за гол, за конечно Кингсли Коман да погоди во 90. минута и да им донесе на германските шампиони реми од гостувањето на „Ред Бул“ арената.